• Почетна
  • 🌱 „Јас можам, ти можеш, ние можеме – заедно за здрава животна средина“ 💚

Иницијативата ја спроведоа Анка Арсова и Златка Иванова Илиева, под менторство на Вања Џамбазова Николовска, со вклучување на локални институции, стручни лица, наставници, воспитувачи и родители.

blog-thumb

Во рамки на иницијативата „Јас можам, ти можеш, ние можеме“, во Општина Штип беа реализирани три едукативни и партиципативни работилници насочени кон подигнување на свеста за значењето на здравата животна средина и поврзаноста помеѓу еколошките прашања, социјалната благосостојба и инклузијата.

Иницијативата ја спроведоа Анка Арсова и Златка Иванова Илиева, под менторство на Вања Џамбазова Николовска, со вклучување на локални институции, стручни лица, наставници, воспитувачи и родители.

👥 Во трите работилници беа опфатени вкупно 97 учесници, од кои:

- деца од предучилишна и училишна возраст;

- ученици и наставници;

- лица со попреченост;

- родители и вработени во институциите.

Работилниците беа реализирани во соработка со Дневниот центар за аутизам, Дневниот центар за деца со интелектуална или телесна попреченост „Искра“, ООУ „Ванчо Прке“, ДСУ „Димитар Мирасчиев“, детската градинка „Вера Циривири Трена“ и Здружението „Порака“ – Дневен центар за лица со интелектуална попреченост.

🌿 Преку едукативни, партиципативни и теренски активности, учесниците разговараа за влијанието на загадувањето врз здравјето, социјалната исклученост и квалитетот на животот, а изработуваа и практични материјали од рециклирани материјали.

Особено значаен дел од иницијативата беше вклучувањето на ранливите категории граѓани, со што се создаде простор за нивно активно учество, размена на искуства и развивање одговорен однос кон животната средина.

🌳 Дополнително, по повод Светскиот ден на екологијата, учениците и наставниците од ООУ „Ванчо Прке“ засадија дрвца покрај коритото на река Отиња.

✨ Иницијативата покажа дека преку поврзување на социјалната работа, институциите, образованието и граѓаните, можеме да создадеме посилна заедница и да придонесеме кон поздрава и поодржлива животна средина.

Јас можам. Ти можеш. Ние можеме! 💚🌍

Иницијативата е дел од проектот „ЗЗЗ – Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина“, поддржан од Embassy of Switzerland in North Macedonia / Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas, во партнерство со ЦМА КРИК, Center for Social Initiatives “Nadez”/Центар за социјални иницијативи „Надеж“ и Здружение на социјални работници на Македонија ЗСРМ.

#ЈасМожамТиМожешНиеМожеме #Штип #ЗеленаЗаедница #ЕкоСоцијалнаРабота #ЕколошкаСвест #Инклузија #СоцијалнаРабота #ЗаедноЗаПромена