• Почетна
  • 💧🌍 Малите чувари на водата – големи амбасадори на промените! 💚

👩‍🏫 Ментор: Тања Стефановска 👏 Имплементатори: Сандра Крстевска Саревска и Данијела Димитријевиќ

blog-thumb

Грижата за природата започнува со знаење, но вистинската промена се случува кога тоа знаење ќе стане начин на живот.

Преку иницијативата „Малите чувари на водата“, учениците од руралната средина добија можност да научат зошто водата е едно од највредните природни богатства и како секој од нас може активно да придонесе за нејзиното зачувување. Преку едукативни работилници, практични активности и заедничко учење, тие развија еколошка свест, чувство на одговорност и мотивација да бидат носители на позитивни промени во својата заедница.

🌱 Зелената социјална работа ги поврзува човекот, заедницата и природата. Со вклучување на деца од рурална средина се создаваат еднакви можности за учење, активно учество и развој на животни вештини. Истовремено, се поттикнуваат инклузивноста, социјалната кохезија, тимската работа и меѓусебната поддршка, покажувајќи дека одржливите промени се можни кога сите сме дел од решението.

Особена вредност на оваа иницијатива е воспоставената меѓусекторска соработка, која беше формализирана со потпишување меморандуми за соработка со ЕЛС Општина Куманово, ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Куманово и ООУ „Вера Которка“ – с. Клечовце. Ова партнерство претставува пример за синергија меѓу локалната самоуправа, институциите и образовниот сектор, кои заеднички придонесуваат кон создавање поздрава, поинклузивна и поодржлива заедница.

💧 Кога ги учиме децата да ја чуваат водата, ги учиме да ја чуваат и иднината. Малите чекори денес создаваат генерации кои ќе градат похумано, поодговорно и позелено општество.

Иницијативата е дел од проектот „ЗЗЗ – Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина“, поддржан од Embassy of Switzerland in North Macedonia/Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas, во партнерство со ЦМА КРИК, Center for Social Initiatives “Nadez”/Центар за социјални иницијативи „Надеж“ и Здружение на социјални работници на Македонија - ЗСРМ.