• Почетна
  • 🌳💚 Здружени сили за зелена иднина во Валандово 🍀

👩‍🏫 Ментор: Данче Коцевска 👏 Имплементатор: Благоје Зајков и Александра Ефремовска

blog-thumb

Кога природата ги обединува луѓето, се создаваат промени што оставаат трајна вредност.

Преку иницијативата за пошумување на просторот во близина на црквата „Св. Ѓорѓија“ во Валандово, беше создаден нов зелен белег, но и простор каде што заедништвото, солидарноста и активното граѓанско учество добија вистинско значење.

Во акцијата се вклучија корисници на гарантирана минимална помош, ученици од СОУ „Гоце Делчев“, вработени од Центарот за социјална работа и претставници од Македонски шуми – Валандово, кои заеднички засадија повеќе од 100 садници аризонски чемпреси. Оваа соработка покажа дека секој човек има потенцијал да придонесе кога ќе му се даде можност да биде активен дел од заедницата.

🌱 Зелената социјална работа ги поврзува грижата за животната средина со социјалната правда, инклузијата и јакнењето на локалната заедница. Вклучувањето на лица од ранливи категории заедно со младите создаде простор за меѓусебно учење, рушење на предрасудите и градење чувство на припадност и заедничка одговорност. Токму оваа синергија помеѓу граѓаните, институциите и образовниот сектор претставува темел за одржлив развој и посилна социјална кохезија.

💚 Секое засадено дрво е порака дека грижата за природата е и грижа за човекот. Заедно градиме поинклузивни, поотпорни и позелени заедници во кои никој не е изоставен, а секој има можност да биде дел од позитивните промени.

Иницијативата е дел од проектот „ЗЗЗ – Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина“, поддржан од Embassy of Switzerland in North Macedonia/Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas, во партнерство со ЦМА КРИК, Center for Social Initiatives “Nadez”/Центар за социјални иницијативи „Надеж“ и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ.

#ЗеленаСоцијалнаРабота #ЗдружениСилиЗаЗеленаИднина #Инклузија #СоцијалнаКохезија #Пошумување #Валандово #ОдржливРазвој