• Почетна
  • Зелени практики за поквалитетна поддршка - обука за првата група негуватели!

Обуката беше насочена кон воведување на концептот на зелена социјална работа во секојдневната грижа и поддршка на лицата со попреченост.

blog-thumb

На 14 и 15 септември 2026 година се одржа обука за првата група негуватели од сервисот за живеење со поддршка на ЦМА КРИК, во рамки на проектот „Заеднички за зелено застапување - ЗЗЗ“.

Што беше во фокусот на обуката?

Обуката беше насочена кон воведување на концептот на зелена социјална работа во секојдневната грижа и поддршка на лицата со попреченост.

Преку комбинација на теоретски сесии, практични вежби и размена на искуства, негувателите работеа на практични методи за работа со корисниците, активности за подобрување на благосостојбата, воспоставување секојдневни рутини и поттикнување на активното вклучување на корисниците.

Посебен акцент беше ставен на тоа како едноставните зелени практики и активностите поврзани со животната средина можат да станат дел од секојдневието во станбените единици.

Обуката е првиот чекор кон практична примена на стекнатите знаења преку активности со корисниците, насочени кон развој на животни вештини, социјализација и подобрување на квалитетот на животот.

Благодарност до првата група негуватели за учеството, посветеноста и споделените искуства!

Иницијативата е дел од проектот „ЗЗЗ – Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина“, поддржан од Embassy of Switzerland in North Macedonia/Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas, во партнерство со ЦМА КРИК, “Center for Social Initiatives “Nadez” /Центар за социјални иницијативи „Надеж“ и Здружение на социјални работници на Македонија - ЗСРМ.

#ЗЗЗ #ЗеленоЗастапување #CHinMK #CivicaMobilitas